DebitursDebiturs
Forgot password?

П Р А Г А

Достапност на аражманот

АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ
 8МИ МАРТ / ПРАГА
термин: 08.03 - 3ноќи | 129 / 7.998мкд
                                                                                ПРАГА со посета на ВИЕНА                                                                Факултативна посета на Карлови Вари и Дрезден

                                                                           СИГУРНА релизација

термин 08 Март 2017 | 6 дена  / 3 ноќи - Автобус
Термини Цена по лице
08.03.20178,618ден
Хотел
3 ѕвезди
Чекија
Прага
00389 72 /311-810
14:00
12:00
3 вечери
АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ
 8МИ МАРТ / ПРАГА
термин: 08.03 – 3ноќи | 129 / 7.998мкд

                                                                                ПРАГА со посета на ВИЕНА

                                                               Факултативна посета на Карлови Вари и Дрезден

                                                                           СИГУРНА релизација

термин 08 Март 2017 | 6 дена  / 3 ноќи – Автобус

 

1ден/ 08.03.17 (среда) СКОПЈЕ – ПРАГА
Состанок на групата на паркингот спроти  спортски центар Борис Трајковски во 14:30ч. Поаѓање на автобусот во 15:00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Ноќно возење со попатни паузи.


2ден/ 09.03.17 (четврток)  ПРАГА (факултативен панорамски разглед)
Пристигнување во Прага во пладневните часови.. Предлагаме панорамско разгледување на градот: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно време за индивидуални прошетки.  Сместување во хотел Fortuna City 3* .Ноќевање.


3ден/ 10.03.17 (петок) ПРАГА (Дрезден) ПРАГА
Појадок. Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан  уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија.  Стариот дел од градот е слика на  богатото и славно минато  : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска  Богородична црква –Frauenkirche,  Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор,  Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага . Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.    


4ден/ 11.03.17 (сабота)  ПРАГА (Карлови вари)
Појадок.
Препорачуваме полудневен  излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка .  Враќање во Прага во доцните попладневни часови . . По разгледот  предлагаме  крстарење со брод по реката В’лтава.Слободно време Можност за посета на пивница во средновековен амбиент со спектакуларна програма и вечера.. Ноќевање  


5ден/ 12.03.17 (недела) ПРАГА – ВИЕНА – МАКЕДОНИЈА
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT . По пристигнувањето  во Виена, прошетка  низ стариот дел на градот:  Стефан Плац, катедралата Св. Стефан …  поаѓање за Скопје .  Ноќно возење.


6ден/ 13.03.17 (понеделник)  СКОПЈЕ     Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.


Цена на аранжманот: 139€ / 8.618мкд

ПРОМОТИВНО!! За уплата до 31 јануари 129€ / 7.998 мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 3 ноќи со појадок во хотел Fortuna City 3*во Прага
  • Организација и водство на програмата
  • Попатна посета  на  OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT
  • Посета на Виена
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник
  • Организиран трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Штип, Велес, Охрид, Кичево, Гостивар, Тетово
  • (Организираниот трансфер може да биде во утринските часови, а точно време на поаѓање се утврдува 1 ден пред терминот на поаѓање)

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување  180 ден
  • Разглед на Прага со локален водич 10€
  • Факултативен излет Карлови Вари 25€
  • Доплата за еднокреветна соба  2.480ден
  • Влезници за локалитетите
  • Крстарење со брод по Влтава  15€
  • Посета на средновековна пивница со вечера и забавна програма  30€
  • Целодневна посета на Дрезден 30
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Oпис на факултативите Посета на Карлови вари
    Карлови Вари е познат бањски центар и град во западниот дел на регионот Чешка во Чешката Република. Се наоѓа на реките Огже и Тепла , на околу 130 км западно од Прага. Наречен е по светиот римски цар Карло IV Луксембуршки, кој го основал градот во 1370 година. Познат е по своите топли извори (13 големи и околу 300 помали, и топлата река Тепла). Градот е главен административен центар на Карловарскиот крај. Над него се издигнуваат златните кули на православната црква Св Петар и Павле.Располага со 12 основни големи термални извори и уште 300 помали. Во Карлови Вари имате ексклузивни хотели, ресторани или бањи, паркот „Колонада“ е познат како парк на Антонин Дворжак од крајот на 19 век. Градот својот израз го наоѓа низ барокната архитектура,познатиот стил од крајот на 19 век „арт Нуво“ , како и термалните извори во колонадата „Спрудел“ Во Карлови Вари може да видите многу куќи и споменици во чест на големите уметници:Моцартовиот парк, каде што почива синот на Моцарт, потоа тука е куќата на Јоханес Брамс и на Штраус, улицата на Петар Велики, спомениците на Гете, на Бетовен, на Шилер, како и меморијалната плоча на Тургенев. Kaрлови Вари е домаќин на Меѓународниот филмски фестивал, еден од најстарите филмски фестивали во светот. Толпата од туристи кои секојдневно доаѓаат во Карлови Вари имаат можност да пијат од топлата вода од карактеристични плосната и садови, да пробаат од слатко-горчливиот ликер Бихеровка, да се напијат од чешкото пиво кое се произведува веднаш до Карлови Вари, во Плзен и во Крушовице и да се насладуваат на карловските опатки (неверојатно вкусни слатки карактеристични само за ова место, кои во зависност од индивидуалниот вкус можат да бидат со арома на какао, кокос, лешник, бадем , ванила)


    Посета на Дрезден
    Дрезден е четврт по големина, урбан регион во Германија после Берлин, Хамбург и Келн. Прв пат се именува како град во 1206 година. Поради своето извонредно културно значење исто така се нарекува Фиренца на Елба. Во овој град застапени се многу барокни градби: Операта Земпер, Палатата Цвингер (во која има 5 музеја), протестантската Богородична црква, римокатоличката Дворска црква, Резиденционалната палата (денешниот државен музеј каде се чува Зелениот трезор), палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), делот на некогашниот градски ѕид, Августовиот мост.

Политика на П Р А Г А

14:00
12:00
Напомена: За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници. За уплата задолжително во денарска противвредност.

Услугите на П Р А Г А

  • WI FI
  • БАЗЕН
  • БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ
  • БЕСПЛАТЕН ПОЈАДОК
  • КЛИМАТИЗАЦИЈА
  • ТЕЛЕВИЗИЈА
  • ТЕЛЕФОН

Преглед на оценки (0 оценки)

П Р А Г А Прага, Чекија

Целокупна оцена на овој аранжман

Вашето име

Е-маил адреса

Наслов на вашата оцена

Вашата оцена

Каков вид на патување е ова?

  • Бизнис
  • Двојки
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло