DebitursDebiturs
Forgot password?

И С Т А Н Б У Л

Достапност на аражманот

Термин: 02 Март 2017 | 5 дена / 2 ноќи | Автобус ПРОМОТИВНО!! За уплата до 10 Февруари 99€ / 6,138мкд Цена на аранжманот  109€ / 6.750мкд
Дете до 6 години - 55€ / 3.400мкд   |   Дете од 6-12 години - 85€ / 5.300мкд
Термини Цена по лице
02.03.20176,138ден
4 ѕвезди
Турција
Истанбул
072/311-810
14:00
12:00
2 вечери

Истанбул – најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие – улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија.

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ

1ден / 02.03 (четврток) МАКЕДОНИЈА – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата и поаѓање од градовите: Куманово во 15:45 часот (Бензинска “Makpetrol” – Автопат), Скопје во 16:30 часот (Хотел “ВИП” – наспроти саем), Велес во 17:15 часот (Бензинска “Makoil” – Мотел Македонија), Штип во 16:45 часот (пред Стадионот), Прилеп во 16:45 чаот (Бензинска “Salida Petrol”), Неготино во 17:45 часот (Бензинска “Makpetrol” – Автопат), Струмица во 17:30 часот (Бензинска “Makpetrol” – кружен тек). Се патува преку граничен премин Богородица. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.


2ден / 03.03 (петок) ИСТАНБУЛ (Крстарење – Босфор / Долма Бахче Сарај / Патријаршија)
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Сместување во луксузниот Ilkbal Deluxe Hotel 4*. Можност за краток одмор после патувањето. Во договореното време, состанок на групата и заминување на панорамски разглед на градот со автобус. Факултативна посета на палатата Долма Бахче Сарај – првиот дворец кој бил изграден во Османлиската империја и кој до 1922 година служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 година во него живеел Кемал Ататурк. Палатата е градена во европски стил и ја заменува старата Топкапи Палата во средина на 19 век. Се во палатата зрачи со лукскуз поради исклучително вредни и скапи збирки на непроценливо богатство. Палатата е поделена на два дела, Селамлик – дел за мажите и Харем – делот за жените. Во харемот се просториите во кои живеел и умрел таткото на турската нација, Кемал Ататурк. Долма Бахче Палатата е изградена во 19 век и е една од најгламурозните палати во светот. Таа била административен центар на крајот од Отоманската Империја со последниот Султан кој живеел таму. Денеска е претворена во музеј кој содржи уметничко-историски збирки со непроценливо богатство. Факултативно крстарење со брод по Босфор. Престојот во Истанбул не е комплетен без традиционалното и незаборавно крстарење по Босфорот. Бреговите од двете страни претставуваат мешавина од минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел… прекрасна панорамска прошетка низ Истанбул. Факултативна посета на Вселенската Патријаршија (Цариградска Патријаршија) која е една од 14-те автокефални православни цркви и може да се каже центарот на сите православни цркви од целиот свет. Седиштето на Патријаршијата е во црквата Св Ѓорѓи. Слободно време за одмор, посета на Капали Чаршија или релаксација во СПА центарот на хотелот, чие користење е вклучено во цената. Вечерта факултативнa прослава по повод денот на жената, 8-ми март, 4 часовно ноќно крстарење по Босфор, со музика и танчарки – стомачни танци, фолклорни игри, богато мени со неограничени безалкохолни пијалоци. Враќање во хотел. Ноќевање.


3ден / 04.03 (сабота) ИСТАНБУЛ
Појадок. После појадокот, посета на Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината Џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на познатиот архитект Мехмед-Ага воедно и последна импресивна градба на отоманската религиска архитектура… Единствена џамија во Истанбул и Турција која има шест минариња), Аја Софија (Аја Софија се преведува и како Црква на Светата мудрост и се смета за најубав пример на византиската уметност. Црквата е градена за време на Византискиот цар Јустинјан и нејзината купола е висока 56 метри и изгледа како да лебди, со што го претставува небото. Била најголема катедрала во светот скоро 1000 години се додека не е изградена катедралата во Севили. По освојувањето на градот од Мехмед Освојувачот, бил толку имресиониран од цркавата па ја претвара во џамија и останува така се додека не е повторно претворена во Музеј. Аја Софија остана најголема верска зграда во Истанбул, иако секој моќен султан се обидел да ја претвори во џамија. Никој не успеал во тоа бидејќи ја нагласува величественоста на црквата каде што се нагласени прекрасните визанстиски мозаици. Музејот денес е една од најголемите атракции за туристите во Истанбул), Палатата Топ Капи – музејот каде што се наоѓа мечот нa прорoкот Мухамед, некогашното главно седиште на Османлиската империја, изграден во времето на Султан Мехмед II. При главниот влез на Топ Капи Палатата, од десната страна се наоѓа црквата Света Ирина, единствена христијанска црква во Истанбул која никогаш не е претворена во Џамија. Ова палата е прва на многуте листи на знаменитости во Истанбул, тоа е палата во која турските султани кои со векови живееле, вистински град во град. Комплексот е огромен, гужвите се големи за влез во ризницата каде што се наоѓаат светите мошти на Исламот (Мухамедовиот заб) и Христијанството (раката на Св. Јован Крстител), тука се изложени колекцијата на часовници на султанот, приборите за јадење и доста подароци меѓу кои се наоѓа и најголемиот дијамант на светот. Враќање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.


4ден / 05.03 (недела) ИСТАНБУЛ – МАКЕДОНИЈА
Појадок. Напуштање на хотелот. Факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), највисоката зграда во Европа од 236 метри. Првите два спрата нагоре и околу 4 спрата надоле е шопинг центар каде што можете да најдете повеќе познати бреднови (H&M, Cotton, LC Waikiki…) На врвот од зградата се наоѓа тераса со панорамски поглед на Истанбул, каде што во мала кино сала се овозможува 4D проекција, симулација на надлетување на Истанбул со хелихоптер, можност да се почувствува сјајот на Борфорот, шармот на Момината кула, или позната како Мејден Кула, магичната Аја Софија, тајната на Топ Капи Палатата, Брилијантната Султанахмет џамија (Сината џамија), застрашувачката природа на базиликата, цистерната, страшниот вртлог, дервишите, убавините на модерниот дел од Истанбул, Плоштадот Таксим, Истаклал Улицата… сето ова можете да го доживеете во четвртата димезија во Сафир Сеир Тераси. Посета на нај големиот трговски центар во Европа – FORUM. Слободно време за шопинг. Факултативна посета на еден од нај големите аквариуми во Европа, аквариумот Turkuazoo, каде можат да се видат над 15.000 морски животни. Поаѓање за Македонија во доцните попладневни часови. Ноќно возење преку Грција со попатни паузи.


5ден / 06.03 (понеделник) МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во раните утрински часови.

Политика на И С Т А Н Б У Л

14:00
12:00

Услугите на И С Т А Н Б У Л

Напомена: - Доколку ги уплатите факултативите - Аја Софија и Топ Капи заедно, ја добивате Цариградската Патријаршија - ГРАТИС. - За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници; - Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најкасно 7 дена пред поаѓање; - Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите; - Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата; - Задолжително пријавување на факултативите до 28.02.2017 / минимум пријавени патници - 25; - Пасошот мора да има важност од минимум 90 дена од датумот на завршувањето на аранжманот; - Уплата исклучиво во денари.

  • WI FI
  • БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ
  • БЕСПЛАТЕН ПОЈАДОК
  • КЛИМАТИЗАЦИЈА
  • ТЕЛЕВИЗИЈА
  • ТЕЛЕФОН
  • ФИТНЕС ОБЈЕКТ
  • ФРИЖИДЕР

Преглед на оценки (0 оценки)

И С Т А Н Б У Л Истанбул, Турција

Целокупна оцена на овој аранжман

Вашето име

Е-маил адреса

Наслов на вашата оцена

Вашата оцена

Каков вид на патување е ова?

  • Бизнис
  • Двојки
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло