DebitursDebiturs
Forgot password?

ИСТАНБУЛ – 23 Oктомври

Достапност на аражманот

Термини Цена по лице
20.10.20176,138ден
Хотел
4 ѕвезди
Турција
Истанбул
00389 72 311 810
14:00
12:00
2 вечери

Истанбул – најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие – улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија. Сместување во еден од најгламурозните хотели во Таксим – Хотел Таксим Експрес кој ви овозможува поглед кон Босфор.

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ

( 5 дена / 2 ноќевања со доручек )

  • 1 ден 20.10.2017  КУМАНОВО – ИСТАНБУЛ

Поаѓање за Турција бо 18:00Ч од пред агенција Деби Турс, со модерен туристички автобус. Патот води преку Грција. Ноќно возење со попатни одмори и царински формалности.

  • 2 ден 21.10.2017 ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во предпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич…Римскиот аквадукт, Таксим, Ак Сарај, Бајазитовата џамија, Универзитетот, Хиподромот, ….Факултативна посета на ТОП КАПИ ПАЛАТАТА – музеј во кој што се наоѓа мечот на пророкот Мухамед, АЈА СОФИЈА – најголема црква изградена во времето на Византиското царство, подоцна претворена во џамија, СИНАТА ЏАМИЈА (наречена поради боите кои провладуваат сина,зелена,бела) или уште наречена СУЛТАН АХМЕДОВАТА ЏАМИЈА изградена по наредба на султанот Ахмед и била прва џамија во Османлиската империја која има 6 минариња.Moжност за посета на подземната цистерна 14 метри под нивото на земјата, со површина од 9.800м2,се наоѓа помеѓу Хиподромот и Аја Софија, а позната е по своите столбови.Во времето на Византија оваа подземна цистерна го снабдувала Константинопол со вода.Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки во најголемата покриена чаршија КАПАЛИ ЧАРШИЈА (отворена 1461 година со над 4000 продавници).

  • 3 ден 22.10.2017 ИСТАНБУЛ

Појадок. По појадокот заминување на групата на факултативно – Крстарење со брод по Босфор со единствена можност за панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот како и мостовите кои го поврзуваат Европскиот со Азискиот дел и посета на раскошната палата Долме Бахче Сарај последната резиденција на Отоманскиот Султан. После следи посета на Азискиот дел Чамлиџи (место од каде што се протега неверојатен поглед на Истанбул). Попладне факултативна посета на највисоката зграда во Истанбул Sappire Seyire Terasi (236м.) со 4Д проекција. Вечерта факултативно – Свечена вечера во Национален ресторан. Ноќевање.

  • 4 ден 23.10.2017 ИСТАНБУЛ – КУМАНОВО

Појадок . После појадокот одјавување од хотел и заминување на групата за Македонија со попатна посета на шопинг центарот Форум со можност за индивидуална посета на Аквариумот. Во 15.00 часот тргнување на групата за Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.

  • 5 ден 24.10.2017 ВРАЌАЊЕ

Пристигнување во утринските часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 99 € ( 6.138,00 мкд)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  1.  Превоз на наведената релација со високо туристички автобуси опремени со : ТВ, аудио и видео сервис, клима уред.
  2.  Сместување во хотел 3 *** на база 2 НП во Истанбул
  3.  Разглед на Истанбул со локален водич
  4.  Лиценциран придружник од агенцијата за време на патувањето
  5.  Организација и реализација на програмата

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  1.  Посета на Света Софија 15 €, Топ Капи 15 €
  2.  Крстарење по Босфор – 15 €
  3. Посета Долме Бахче Сарај , водич + превоз + влезница – 25
  4. Посета на Sappire Seyire Terasi со 4Д проекција – 20 €
  5. YEREBATAN SARAYI (Потонатата Палата) – 10 €
  6.  Посета на Чамлиџи и Бејлер Беј – 10 €
  7. Свечена вечера во Национален ресторан – 30 €
  8.  Задолжително патничко осигурување за сите лица – 250,00 мкд/ без франшиза
  9. За ова патување отребен е валиден биометриски пасош, валидност минимум 3 месеца од денот на враќање
  10. За резервација задолжителна уплата аванс од 30% од вкупниот износ,целосна доплата 10 дена пред патување
  11.  За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници
  12. За одржување на факултативите потребен е минимум од 20 пријавени патници
  13. Организаторот на патувањето го задржува правото да ја промени цената на аранжманот. Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот на патувањето го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.

ПРИЈАВУВАЊЕ И УПЛАТА НА ФАКУЛТАТИВИТЕ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ

ball.k

Политика на ИСТАНБУЛ – 23 Oктомври

14:00
12:00

Услугите на ИСТАНБУЛ – 23 Oктомври

  • WI FI
  • БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ
  • БЕСПЛАТЕН ПОЈАДОК
  • КЛИМАТИЗАЦИЈА
  • ТЕЛЕВИЗИЈА
  • ТЕЛЕФОН
  • ФРИЖИДЕР

Преглед на оценки (0 оценки)

ИСТАНБУЛ – 23 Oктомври Истанбул, Турција

Целокупна оцена на овој аранжман

Вашето име

Е-маил адреса

Наслов на вашата оцена

Вашата оцена

Каков вид на патување е ова?

  • Бизнис
  • Двојки
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло