DebitursDebiturs
Forgot password?

ИСТАНБУЛ – 08 ДЕКЕМВРИ

Достапност на аражманот

Термини Цена по лице
08.12.20176,758ден
Хотел
5 ѕвезди
Турција
Истанбул
+38972311810
14:00
12:00
2 вечери

Истанбул – најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие – улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија. Сместување во еден од најгламурозните хотели во Таксим – Хотел Таксим Експрес кој ви овозможува поглед кон Босфор.

                                                                  ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ

 

Време на реализација : 07,08,09,10,11 Декември

Место на изведување : Турција – Истамбул

Релација Куманово – Гевгелија – Истамбул

Време траење : 5 дена/ 2 ноќевања со доручек и вечера 

СМЕСТУВАЊЕ ВО ХОТЕЛ Vialand Palace  

1 ден.

Поаѓање за Турција во 16:00 часот од пред Деби Турс агенција, со модерен туристички автобус. Патот води преку Грција. Ноќно возење со попатни одмори и царински формалности.

2 ден

Пристигнување во утринските часови. Панорамски разглед на градот со локален водич. Римски аквадут, Таксим, Ак Сарај, Бајазитовата џамија, Универзитетот, Хиподромот. Факултативна посета на Топ Капи Палатата – музеј во кој што се наоѓа мечот на пророкот Мухамед, Аја Софија – најголемата црква изградена во времето на Византиското царство, подоцна претворена во џамија, Сината Џамија (наречена поради боите кои провалуваат сина, зелена, бела) или уште наречената Султан Ахмедова Џамија изградена по наредба на Султан Ахмед и била прва џамија во Османлиската Империја која има 6 минариња. Можност за посета на подземната цистерна 14 метри под нивото на земја, со површина од 9.800м2, се наоѓа помеѓу Хиподромот и Аја Софија, а позната е по своите столбови. Во времето на Византија оваа подземна цистерна го снабдувала Констандинопол со вода. Слободно време за индивидуални прошетки во најголемата чаршија Капали Чаршија ( отворена 1461 со над 4000 продавници).

3 ден

Појадок. По појадокот заминување на групата на факултативно – Крстарење со брод по Босфор со единствена можност за панорамски разглед на палатите од двете страни, како и мостовите кои го поврзуваат Европскиот со Азискиот  дел и посета на раскошната палата Долме Бахче Сарај последната резиденција на Отоманскиот Султан. После следи посета на Азискиот дел Чамилџи (место од каде протега неверојатен поглед на Истамбул). Попладневна факултативна  посета на највисоката зграда на Истамбул Sapphire Seyire Terasi (263м.) со 4Д проекција. Вечерта  факултативно – Свечена вечера во Национален ресторан. Ноќевање.

 4.ден

Појадок . После појадокот одјавување од хотел и заминување на групата за Македонија со попатна посета на шопинг центарот Форум со можност за индивидуална посета на Аквариумот. Во 15.00 часот тргнување на групата за Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.

5.ден

Пристигнување во утринските часови.

Во цената е вклучено :

  • Автобуски превоз на наведената релација според програмата
  • Сместување во хотел 5***** на база ХБ во Истамбул
  • Професионален туристички водич
  • Патничко здравствено осигурување
  • Организација и придружник на патувањето

 

Во цената не е вклучено:

  • Влез за посети на некои од горенаведените места

 

 За ова патување потребен е валиден биометриски пасош, валидност минимум 3 месеца од денот на враќање

                              ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ ИЗНЕСУВА : 6,758 мкд (109 евра) 

Политика на ИСТАНБУЛ – 08 ДЕКЕМВРИ

14:00
12:00

Услугите на ИСТАНБУЛ – 08 ДЕКЕМВРИ

  • WI FI
  • БЕСПЛАТЕН ПОЈАДОК
  • ТЕЛЕВИЗИЈА
  • ТЕЛЕФОН
  • ТОПЛА КАДА
  • ФИТНЕС ОБЈЕКТ
  • ФРИЖИДЕР

Преглед на оценки (0 оценки)

ИСТАНБУЛ – 08 ДЕКЕМВРИ Истанбул, Турција

Целокупна оцена на овој аранжман

Вашето име

Е-маил адреса

Наслов на вашата оцена

Вашата оцена

Каков вид на патување е ова?

  • Бизнис
  • Двојки
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло