DebitursDebiturs
Forgot password?

В И Е Н А

Достапност на аражманот

Термини Цена по лице
08.03.20178,618ден
Хотел
3 ѕвезди
Аустрија
Виена
00389 71 / 311 -810
14:00
12:00
2 вечери
АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ
 8МИ МАРТ / ВИЕНА
 термин: 08.03 – 2ноќи | 129 / 7.998мкд

сигурна реализација 

Автобус 5 дена / 2 ноќи – термин 08 Март 2017

 

1ден/ 08.03.17 (среда)  СКОПЈЕ – ВИЕНА
Поаѓање од Штип пред Стадионот во договорено време. Од Скопје пред сала Борис Трајковски во 16:00 часот. Состанок на групата 20 мин, порано. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и царински формалности.


2ден/ 09.03.17 (четврток)  ВИЕНА
Пристигнување во претпладневните часови во Виена. Предлагаме панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно): плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург…. Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.


3ден/ 10.03.17 (петок)  ВИЕНА (Шенбрун & Дунавска кула)
Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кои го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо  Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Подоцна факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед –  360о на градот). Во попладневните часови враќање во хотел. Вечерта можност за посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг или посета на некоја од локалните пивници (индивидуално). Ноќевање.


4ден/ 11.03.17 (сабота)  ВИЕНА (Виенаски шуми & Shopping centar PANDPRF)  МАКЕДОНИЈА
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и можност за факултативна посета на Виенски Шуми (полудневен разглед). Се посетува Сегроте, некогашниот рудник каде била фабриката за авиони на Хитлер и најголемото подземно езеро во Европа. Потоа прошетката продолжува кон манастирот Хајлигенкројц и прошетка низ живописниот град Баден, во подножјето на виенските шуми и царските бањи. По завршување на разгледот, се упатуваме кон еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Во вечерните часови, поаѓање кон Македонија со попатни паузи за одмор и царински формалности.


5ден/ 12.03.17 (недела)  СКОПЈЕ/ШТИП    Пристигнување во Македонија во пладневните часови.


Цена на аранжманот: 139€ / 8.618мкд

ПРОМОТИВНО!! За уплата до 11 Февруари 129€ / 7.998мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со високотуристички автобус;
– Сместување во хотел во Виена со 3* на база на 2 НП (ноќевање/појадок);
– Професионален туристички придружник;
– Посета на шопинг центарот Pandorf.


Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Влезница за дворецот Шенбрун (превоз+влезница+локален водич) 30€
– Разглед на Виена со локален водич 10€
– Факултативна посета на Виенски шуми (превоз+влезница+локален водич) 25€
– Дунавска Кула (превоз + влезница) 15€;
– Здравствено патничко осигурување (задолжително) – 180мкд.

Политика на В И Е Н А

14:00
12:00

Услугите на В И Е Н А

Напомена: - За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници; - Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 7 дена пред поаѓање. - Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето. - За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. - Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата. - Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

  • WI FI
  • БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ
  • БЕСПЛАТЕН ПОЈАДОК
  • КЛИМАТИЗАЦИЈА
  • ТЕЛЕВИЗИЈА
  • ТЕЛЕФОН
  • ФРИЖИДЕР

Преглед на оценки (0 оценки)

В И Е Н А Виена, Аустрија

Целокупна оцена на овој аранжман

Вашето име

Е-маил адреса

Наслов на вашата оцена

Вашата оцена

Каков вид на патување е ова?

  • Бизнис
  • Двојки
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло