DebitursDebiturs
Forgot password?

Б У К У Р Е Ш Т

Достапност на аражманот

Термини Цена по лице
03.03.20177,378ден
Хотел
3 ѕвезди
Романија
Букурешт
00389 72/311-810
14:00
12:00
2 вечери
АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ
 8МИ МАРТ / БУКУРЕШТ
термин: 03.03 – 2ноќи | 99 / 6.138мкд

                                                                                                                  Б У К У Р Е Ш Т

 

Букурешт на прв поглед можеби не изгледа како гламурозен или грандиозен Европски главен град со беспрекорно зачувана архитектура. Но, со причина се нарекувал „Малиот Париз“, скриен во градината на Карпатите, а во денешно време се повеќе може да се нарече „Мал Берлин“ со својот богат културен и ноќен живот. Главниот град на Романија е исполнет со мешавина од огромни историски градби, брутални комунистички блокови и модерни дизајни од 21от век. Овој град многу брзо го граби вниманието како конкурентен на сите популарни city break дестинации, претставувајќи се со својот чудесен спој на модерната Европа и егзотичниот Исток. Букурешт е слика на контрасти преточени во метропола со живописен карактер! Кога светот би бил една голема сцена, тогаш Букурешт има заслужено место под рефлекторот. Љубов, предавништво, освојување од Руски цареви, Француски ваудевил, Венецијански трговци, Грчка трагедија, 2 големи пожари – Букурешт доживеал се! Овој град е најдобар пример за нејасната врска меѓу Отоманската империја и Романската земја. Иако никогаш не бил Отомански град, дели многу од аспектите со градовите од таа област и влијанието на империјата. Еден од тие аспекти била дивизијата Махалас. Махалас биле мали квартови во градот кои поттикнувале градење на религиозни згради во кои најчесто се населувала хомогена заедница на луѓе кои припаѓаат на иста етничка, социјална или религиозна група. Како што растел градот, овие квартови прераснувале во големи населби кои поднеле бран на модернизација и уништување во периодот на комунизмот.

Автобус 5 дена / 2 ноќи – термин: 03 Март 2017


1ден/ 03.03 (петок)  СКОПЈЕ – БУКУРЕШТ
Поаѓање за Романија во 18:30 часот. на паркинг наспроти хотел Holiday Inn. 15 мин порано, состанок на групата. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности.


2ден/ 04.03 (сабота)  БУКУРЕШТ (панорамски разглед)
По пристигнувањето, почеток на официјалниот разглед на градот city tour, со лиценциран водич. Посета на Плоштадот на Револуцијата, Кралската Палата која денес е Национален Музеј на уметност, Романскиот атенеум кој е седиште на филхармонијата, Централната Универзитетска библиотека, црвената црква Крецулеску и почетокот на фамозната авенија Викторија. Продолжуваме со кратко возење по  авенијата Calea Victoriei. Најстарата и најшармантна улица, порано позната како “Големата Улица „ или „Брашов пат“, плоштадот Унири, од каде ја посетуваме Метрополитската црква- Патријаршијата. Слободно време за разглед на најстариот дел од градот Куртија Веке , изграден во периодот на владетелот Влад Цепеш Трети – Дракула. Собирање на групата на договорено место и продолжување кон најголемата зграда во Европа – Палатата на Парламентот или како што порано иронично била именувана Палата на народот. Слободно време за фотографирање со импозантното архитектурно дело. Во 17часот Сместување во хотел. Во 21 часот посета на стариот дел на градот. Ноќевање.


3ден/ 05.03 (недела)  БУКУРЕШТ – замокот ПЕЛЕШ – БРАШОВ
Напуштање на собите и поаѓање кон замокот Пелеш. Во прекрасниот планински пејзаж на Карпатите е сместена една од најдобро зачуваните кралски палати, на постоечка средновековна патека помеѓу Трансилваниа и Валашка, изградена во Нео-ренесансен стил- грандиозната палата на замокот Пелеш. По посетата на замокот заминуваме кон готскиот град БРАШОВ. Градот е лоциран во централна Романија и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати. Слободно време за ручек и дополнителна прошетка. Сместување во хотел во Предеал.  Вечера и организирана забава во хотелот со огниште и дегустација на традиционален пијалок. Ноќевање


4ден/ 06.03 (понеделник)  БРАШОВ – БРАН (замокот на ДРАКУЛА) – МАКЕДОНИЈА
По појадокот го напуштаме хотелот и се упатуваме кон замокот БРАН, според легендарниот роман на Брам Стокер – замокот на Дракула. По разгледот, следува слободено време и потоа продолжуваме со патот кон македонија.


5ден/ 07.03 (вторник)  СКОПЈЕ
Појадок. Очекувано пристигнување во Скопје во утринските часови.


Цена на аранжманот 119€ / 7.378мкд
ПРОМОТИВНО!! За уплата до 31 Јануари 99€ / 6.138мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Ноќевање со појадок во Хотел Анди Букурешт 3*
  • Ноќевање со вечера и појадок во Хотел Анди Предеал 4*
  • Разглед на градот  Букурешт со водич
  • Трансилваниа тура  Посета на замокот Бран со придружник
  • Посета на градот Брашов со придружник
  • Синаиа тура – Посета на местото Синаиа и замокот Пелеш со придружник и водич

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Организирана вечерна посета на стариот дел на градот  5€
  • Влезница во замокот Бран  35€
  • Влезница во замокот Пелеш – тура од 1 час и 15 мин која ги вклучува приземјето и првиот кат – 55€
  • Патничко осигурување 200 мкд (без франшиза)

Политика на Б У К У Р Е Ш Т

14:00
12:00
Напомена: - За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници; - Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд; - Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 7 дена пред поаѓање.

Услугите на Б У К У Р Е Ш Т

  • WI FI
  • БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ
  • БЕСПЛАТЕН ПОЈАДОК
  • ТЕЛЕВИЗИЈА
  • ТЕЛЕФОН
  • ФРИЖИДЕР

Преглед на оценки (0 оценки)

Б У К У Р Е Ш Т Букурешт, Романија

Целокупна оцена на овој аранжман

Вашето име

Е-маил адреса

Наслов на вашата оцена

Вашата оцена

Каков вид на патување е ова?

  • Бизнис
  • Двојки
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло